Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за18августпросечнатачасовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 108,66евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 105,84евра/mwh
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) на HUPX постигна ниво 104,37евра за мегават час, а на MEMO 100,32евра.
Просечната цена на електричната енергија во текот на месец августдо сега, (baseload till date) на HUPX изнесува 81,03евра за мегават час, додека просечната цена за јули на МЕМО берзата изнесува 85,14евра за мега ват час.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за домаќинско трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.