Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 3 март просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 147,32 евра/mwh.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 154,86 евра за мегават час.
Просечната цена на електричната енергија во текот на месец март до сега, (baseload till date) изнесува 152,85 евра за мегават час.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови.
ПР текст