531
Едномесечно бебе е најмладиот пациент кој моментално е хоспитализиран во детската болница Козле како резултат на инфекција со корона вирусот.
Директорот на болницата, Бесник Зекири за Канал 5 вели дека за разлика од минатата седмица кога во болницата имало огромен наплив на деца позитивни на ковид-19, ситуацијата полека започнува да се стабилизира.