Едномесечни бебиња се најмлади заразени од корона вирус во Козле

by Fokus

Директорот на Детската клиника за белодробни заболувања „Козле“, Бесник Зеќири во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ порача дека најмлади пациенти на корона вирус се едномесечни близнаци.

„Во моментов имаме 22 деца хоспитализирани во нашата установа. Има и поголем дел кои се лекуваат амбулантски. Најмладите пациенти на корона вирус се две близначиња од по месец дена. Повозрасните се 16-17 години. Младите доаѓаат навреме лекување, што значи дека родителите се грижат за нивното здравје“, порача Зеќири.

Поврзани новости