762
Овој месец, има 269 позитивни ковид-случаи само во Дебар.
-Бројот на заразени расте, што е последица на непочитување на здравствените протоколи. На дневно ниво, во просек, овој месец опасниот вирус бил потврден кај 10,3 лица. Она што посебно загрижува е фактот што најголем број од заразените се од 20 до 40-годишна возраст. Според возраста, едногодишно дете е најмладиот заразен – изјави за МИА, Ментор Меља, раководител на Работната единица на Центарот за јавно здравје.
Тој додава дека единствено нешто што може да ја смири ситуацијата е имунизацијата.