501
Комисијата за мандатно имунитетни прашања едногласно, со пет гласа за, ниту еден против и ниту еден воздржан, одлучи да ги одобри шестте барања на судот да му биде одреден притвор на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски.
Со тоа Комисијата одлучи да му биде одземен имунитетот и му предложи на Собранието да ја донесе оваа одлука. Крајниот збор го има парламентот кој треба да одлучи со просто мнозинство од 61 пратеник.
Денеска попладне се очекува да се одржи седницата на која парламентот ќе одлучува. Доколку гласаат 61 пратеник официјално имунитетот на Груевски ќе биде одземен со што судот ќе може да му одреди притвор во шестте предмети на СЈО.