„Еднобојната“ МТВ во шаренилото на револуцијата

by Фокус

Демонстрантите протестираа за слободни медиуми, за МТВ ослободена од партиски притисоци, за јавен сервис за граѓаните. Пораките ги испратија од пред зградата на МТВ која ја обоија во шаренило. Иако времето беше дождливо сепак многумина се приклучија на денешните протести за уште еднаш да побараат повлекување на аболицијата, воведување специјален оддел во судот за предметите на Специјалното обвинителство, како и формирање техничка влада за спроведување фер избори.

Поврзани новости