Eден загинат и тројца повредени во сообраќајката во атар на село Љубинци

by Fokus

Eден загинат и тројца повредени е билансот по сообраќајната несреќа која се случи рано утринава при која автомобил удрил во банкина во реонот на село Љубинци, Општина Ранковце, извести Центарот за управување со кризи.

Повредените во сообраќајката се пренесени во кумановската болница.

Сообраќајот на споменатиот патен правец во период од 2 до 5.30 часот бил во целосен прекин.

Од МВР соопштија дека загинатиот возач имал 21 година.

„На 14.08.2023 во 01.28 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот. Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С.(21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка“ се вели во полициското соопштение.

Поврзани новости