Едно момче загина при уривање на висечки мост во Франција

by fokus

Висечкиот мост  на реката Тарн во Мирепоикс-сур-Тарн, северо-источно од Тулуз се урна утрово при што загина 15-годишно момче, седуммина се поврдени, а неколку лица се водат како исчезнати, јави дописникот на МИА.

Висечкиот мост се урна кога камион поголема од дозволената тежина помина преку него, а два автомобила што биле зад камионот исто така паднале во реката кога се урна мостот.

По несреќата една жена успеала да доплива кон брегот. Мостот долг 150 метри и широк пет метри, беше реновиран во 2003 година.

Поврзани новости