385
Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во куќа на улица „Пиринска“ број 26 во Струмица.
Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.
-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Во моментот телото на загинатиот се уште не е извлечено, а екипи на ЈО Струмица и полицијата вршат увид на местото на пожарот.