202
Едно лице загина во експлозија во магацин за огномет во близина на бугарскиот град Елин Пелин, недалеку од Софија, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Калин Стојанов.
Мажот (49) кој почина во експлозијата се здобил со тешки изгореници и синоќа бил хоспитализиран, а неговата 20-годишна ќерка, која исто така е во болница со 85 отсто изгореници, се уште е во критична состојба.
Стојанов рече дека во магацинот каде што се случила експлозијата може да има уште две лица, меѓу кои и 22-годишниот син на сопственикот на магацинот.