Едно лице загина, а седум се повредени во градот Тунектепе во близина на јужниот турски град Анталија кога кабината на жичарницата удрила во столб и се отворила, а неколку патници испаднале, соопштија денеска локалните власти.
Градоначалникот на Анталија, Мухитин Бочер рече дека 184 други патници останале заробени во 25-те кабини на жичарницата на висина од неколку десетици метри додека инженерите се обидувале да го рестартираат системот.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја истакна дека во спасувачката операција учествувале повеќе од 160 припадници на Службата за брза интервенција.
Несреќата настанала кога една од кабините во системот на жичарницата на релација Сарису-Тунектепе паднала во карпеста област по уривање на столб, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.