488
Во северниот дел на Полска се урна авион МиГ-29 на полското воено воздухопловство, а пилотот загина, иако успеал да се катапултира.
Авионот се урна околу два часот по полноќ во близина на местото Сакув, на ливада на околу половина километар од најблиските куќа, а по падот се запалил.
Пилотот успеал да се катапултира, но неговото безживотно тело е пронајдено неколку стотина метри од остатоците на авионот.
– Пилотот кој трагично загина имаше 800 часови во воздух, од тоа над 500 во авиони од типот МиГ-29, во кои извршуваше и борбени дежурства. Повеќе пати учествуваше во полски и меѓународни воени вежби се наведува во соопштението од полското Министерство за одбрана.