313
Едно лице загина денеска во несреќа што се случила околу 11 часот на влез во железничка станица Миравци-Гевгелија, откако воз удрил во автомобил.
Имено, како што информираа од СВР Струмица, товарниот воз кој сообраќал од Трубарево кон Гевгелија удрил во автомобил „опел вектра“ со гевгелиски регистарски таблички управувано од Р.И. (76) од валандовското село Удово.
Тој починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Во моментот полицијата врши увид, а железничкиот сообраќај на оваа делница е во прекин.