Едно лице загина а две се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случиа попладнево на автопатот Тетово-Гостивар.
Според информациите, загината е 81-годишна жена, сопатничка во едно од возилата кои учествуваа во несреата.
„Денес во 15.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Тетово- Гостивар близу клучката кај селото Неготино, се случила сообраќајна незгода помеѓу „Пежо” управувано од Г.В.(47) од Охрид и „Мерцедес“ кој го возел 19-годишниот А.А од Гостивар. Во незгодата, на самото место на повредите им подлегнала сопатничката од „Пежото“ Д.М.(81) од Охрид, додека со тешки повреди се здобиле возачот В.В.(47) и сопатникот С.В.(69) од Охрид“, информираат од МВР.
Поради несреќата, сообраќајните ленти од магистралниот пат од Тетово кон Гостивар од клучка за с.Неготино се во прекин и сообраќајот се пренасочува по населените места.
Увид на местото врши екипа на полицијата, заедно со јавен обвинител.