445
Едно лице загина, а четворица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи во 17,20 часот попладнево на патот Битола-Прилеп.
Сообраќајната незгода се случила кај месноста Петти леб при судир помеѓу две патнички возила, при што на лице место загина едно лице, а останатите четврица патници, со возила на Итната медицинска помош се пренесени во битолската болница.