392
Во клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица се примени 53 лица повредени при денешната акција на растурање на протестот на Србите во Звечан.
Едно лице е оперирано, се наоѓа на одделението за интензивна нега и лекарите се борат за неговиот живот, изјави за Танјуг Златан Елек, директор на КБЦ во Косовска Митровица.
Како што наведе, оперираниот се здобил со две рани во пределот на карлицата и левиот показалец, а повредите се предизвикани од употреба на боева муниција.
Меѓу повредените е и заменик директорот на КБЦ, д-р Драгиша Миловиќ, кој беше претепан во Звечан и има повреди на градниот кош, рацете и нозете и стомакот, рече Елек.