563
Општинскиот штаб за заштита и спасување во Велес денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци за санирање на последиците од синоќешното невреме во кое е нанесена голема материјална штета.
Во невремето исчезна и едно лице, жител на велешко Белештевица, по кого се уште се трага.
Градоначалникот на Општина Велес да додели финансиска помош на погодените семејства од поплавите до 50.000 денари, како и за семејството на несреќно настраданиот од село Белештевица.
Воедно Општина Велес да стапи во контакт со ЕВН, со цел ЕВН како општествено одговорна компанија да помогне во пронаоѓањето на исчезнатиот граѓанин.