Едно девојче се бори за живот, наставничката е свесна

by fokus

Директорот на Универзитетскиот клинички центар Милик Ашанин за Н1 изјави дека тројца од четворицата пациенти примени по нападот во белградското училиште „Владислав Рибникар“ се надвор од животна опасност.

Тој рече дека се разбудиле двајцата ученици кои биле оперирани.

-И наставничката полека се буди, таа е целосно свесна и планираме во догледно време да ја екстубираме, рече Ашанин.

Во операционата сала најдолго останал четвртиот ученик бидејќи имал две операции, изјави директорот на Клиничкиот центар. Според Ашанин, прво бил опериран од торакални хирурзи, а потоа од спинални хирурзи.

Девојката која е најтешко повредена и се наоѓа во Тиршова се уште е во тешка состојба и нејзиниот живот е во опасност. Таа била примена со тешки прострелни рани во главата.

Поврзани новости