Еднаш месечно бесплатен влез во музеите и историските локалитети во Охрид

by Fokus

Објектите под ингеренција на Националната установа „Завод и Музеј – Охрид“ во периодот надвор од туристичката сезона еднаш месечно ќе бидат слободни за посета, односно нема да се наплаќа влез за посетителите.

Секој прв ден од месецот во периодот од октомври оваа година до мај наредната година влезот во музеите и локалитетите што се под надлежност на охридскиот Музеј ќе биде слободен за сите македонски граѓани.

Намерата е на тој начин да се доближи културното наследство до граѓаните, пред се до локалното население.

Согласно таквата одлука, секој прв ден во посочените месеци ќе биде бесплатен влезот во Самуиловата тврдина, Галеријата на икони, Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Музејот на вода – Градиште.

„Се надеваме дека на овој начин сите кои досега не ги посетиле нашите локалитети и музеи, ќе може да го сторат тоа во посочениот ден од месеците – 01.10.2021 – петок, 02.11.2021 – вторник, 01.12.2021 – среда, потенцираат од Завод и Музеј Охрид.

Поврзани новости