Една жена од Скопје на возраст од 79 години почина во ГОБ „8 септември“, а во изминатите 24 часа од направени 462 теста, регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1. Жената била хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.
Истовремено, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти ,осум во Скопје, двајца во Прилеп, двајца во Струга, двајца во Велес, еден во Гостивар и еден во Кратово.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.