411
Третина од електричната енергија за домаќинствата и малите компании вчера била обезбедна од увоз. Потребни биле 10.033 мегаватчаса, но ЕСМ од своето производство успеало да покрие само 6.873. Останатите 3.160 мегаватчаса електрична енергија биле купени по просечна цена од околу 250 евра.
„АД ЕСМ на 18.11.2022 произведе 6 873 мегават часови електрична енергија, а набави 3 160 мегават часови. Потребите за електрична енергија непречено се задоволуваат“, соопшти Владата.
Во меѓувреме АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) соопшти дека Блок 1 во РЕК Битола се санира и од страна на стручните екипи се отстрануваат пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката.