331
Еден од обвинетите дека на протестот на петти мај учествувал во инцидентите денеска е осуден на една година ефективен затвор. Сепак, тој ќе ја отслужи казната откако полицијата ќе го најде, бидејќи е во бегство.
Основниот суд Скопје 1 денеска на други тројца демонстранти им пресуди условни казни од три месеци доколку во рок од една година го повторат делото. Тие ја признаа вината и признаа дека учестувале во немирите.
Досега, 11 демонстранти кои ја признаа вината добија условни казни, а вујкото на Мартин Нешковски беше осуден на 10 месеци затвор. Еден демонстрант кој одби да ја признае вината е во притвор и неговото судење ќе продолжи во петок. Тој тврди дека не учестувал во толпата која се судрила со полицијата.