Овој викенд се одбележува една година откако Италија беше прва во Европа што воведе блокада поради Ковид-19 – затворањето опфати одредени региони, како што се Ломбардија и Емилија-Ромања, и специфични сектори, како што се дел од училиштата, и драстичните мерки што го шокираа светот, пишува Гардијан.
Во тоа време, Италија имаше 152 регистрирани случаи и три смртни случаи од ковид, па се изгледаше како прекумерна реакција, се додава во текстот.
Сепак, како одминуваа деновите, мерките стануваа се порестриктивни – до 4 март, сите училишта во Италија беа затворени, а една недела подоцна, целата земја беше под блокада.
До 12 март починаа повеќе од 1.000 луѓе, а за само уште четири дена починаа уште 1.000 лица.
-Во тоа време имаше забави во повеќето земји, кога Италијанците беа заробени во своите домови, гледајќи сцени на телевизија како од филмови со апокалипса – медицински лица во специјални одела, болнички оддели полни боци со кислород и мртовечници преполни што војската се повикуваше за помош, наведува Гардијан.