Една година од протестот за Кежаровски

by Фокус

Точно пред една година, на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, полициските специјаци ги спречија новинарите да протестираат пред новиот Музеј на македонската борба поради тоа што новинарот Томислав Кежаровски беше неколку месеци во притвор.

Идејата на Иницијативниот одбор за спас на Кежаровски беше мирно да се искаже незадоволството пред музејот, меѓутоа специјалците не дозволија новинарите да се доближат до објектот и покрај тоа што тие се обидоа да поминат преку полицискиот кордон. Незадоволството сепак го искажаа на неколкустотина метри од музејот.

Две недели по протестот Кежарвоски беше пуштен, меѓутоа тој е во домашен притвор до ден-денеска. Апелацискиот суд утре ќе ја стартува расправата по неговата жалба на одлуката од првостепениот суд кој одлучи Кежаровски да одлежи 4,5 години затвор, со што тој стана првиот новинар во Македонија што е осуден на затворска казна за напишан текст.

(Фотографијата е преземена од Flickr-акаунтот на ФИОМ)

Поврзани новости