Денеска изминува една година од трагедијата во тетовската модуларна болница, каде животот го загубија 14 лица, меѓу кои пациенти со Ковид и членови на нивните семејства.
На првата годишнина од пожарот познати се само причините кој довел до трагедијата, односно краток спој на продолжен кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, а за настанот обвинети се четири лица, 3 физички и едно правно, поточно тетовската градска болница.
Првото судско рочиште почна на 6 септември, но беше откажано во отсуство на сите обвинети.
Поранешниот директор на болницата Флорин Бесими и поранешниот економски директор Артан Етеми се обвинети за „тешки дела против општата безбедност“ и „поттикнување општа опасност“.
Поранешниот управител на модуларната болница Зоран Бучевски, пак, е обвинет за „непостапување според здравствени препораки за време на пандемија“.