Бекир Аслани, татко на исчезнатиот Арбен пак ги повика институциите да се ангажираат во потрагата по вистината што се случило со неговиот син. Точно пред една година исчезна Аслан, а МВР и ОЈО го водат случајот во потраги, јавува 24 инфо.
-Ја информираме јавноста дека досега и покрај нашите настојувања, барања и средби со претходното раководство на МВР предводена од министерот Спасовски не добивме никакви информации поврзано со исчезнувањето на нашиот мил син. Само за потсетување, во неколку наврати и во писмена форма се обратив до МВР на СРМ (внатрешна контрола, секторот по насилен криминал и други), но досега одговор немам добиено одговор. Во врска со ова до актуелниот министер Г-динот Наќе Чулев имам доставено и барање за непосредна средба што очекувам наскоро и да ја реализирам, зашто ќе му бидам и благодарен, вели Аслани.