Се навршува една година од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица.
Амбасадорката на Македонија во Бугарија, Агнеса Руси-Поповска, оддаде почит на 45 македонски државјани загинатите кои загинаа во автобуската несреќа.
Придружувана од заменик-амбасадорот, Владимир Крстевски и други претставници на Амбасадата во Бугарија, Руси-Поповска положи букет на местото на несреќата. Сите бугарски централни и регионални медиуми денеска со посебни прилози потсетуваат на овој трагичен настан, а во некои има и изјави на роднините на загинатите, кои го поставуваат прашањето за одговорноста. Бугарскиот адвокат на роднините на починатите државјани на Северна Македонија го поставува прашањето за квалитетот на автопатот Струма и стабилноста на заштитните огради. Во автобуска несреќа на 23 ноември 2021 година, загинаа 45 македонски државјани, кои се враќаа од Истанбул кон Скопје со автобус на „Беса транс”.