Една доза на вакцината АстраЗенека штити најмалку три месеци

by Fokus

Една доза на вакцината на Оксфорд /АстраЗенека обезбедува заштита од коронавирусот најмалку три месеци и го намалува неговото ширење за две третини. Се чини дека новата студија ја поддржува одлуката на Велика Британија да ја одложи втората доза, објави Гардијан.

Анализата на новите податоци од три студии открила дека првата доза на вакцината обезбедува просечно 76 отсто заштита од симптоматски инфекции во период од три недели до 90 дена, а исто така го намалува ширењето на коронавирусот за 67 отсто.

Наодите се прелиминарни и се уште се разгледуваат во авторитетното списание „Лансет“, но ако поминат научна проверка, тие ќе ги уверат здравствените работници дека е добра идеја да се спроведе стратегија за поранливите категории да ја добијат првата доза на Оксфорд / АкстраЗенека вакцината.

Во принцип, луѓето треба да примаат две дози на вакцина на три или четири недели, но во декември Заедничката комисија за вакцинација и имунизација, која ги советуваше британските министри, препорача втората доза да се одложи за да можат што повеќе ранливи лица да ја примат првата доза.

Поврзани новости