Едмонд Темелко бил уапсен во познат скопски ресторан

by fokus

Едмонд Темелко, градоначалникот на Пустец, попладнево бил уапсен додека седел во еден познат скопски ресторан во близина на Владата, дознава Фокус од полициски извори.

Според нашите извори, не е точна информацијата која се појави во дел од медиумите дека Темелко сам се пријавил во полициска станица.

Откако го уапсиле тој веднаш бил однесен во станица, а потоа според процедурата треба да биде однесен во затворот во Шутка за да ја издржи мерката притвор.

В.В.

Поврзани новости