Единствено решение се предвремени парламентарни избори, вели Николоски

by Fokus

„Апсолутно мислам дека не зависат предвремените парламентарни избори од почетокот на преговори. Ние сакаме и посакуваме и бараме Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, не заради власта туку заради тоа што тоа го заслужуваат граѓаните на Македонија, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Радио слободна Европа.

„Од друга страна политичката криза е толку длабока, се посилна станува и економската криза, за жал Македонија се соочува и со национална криза.

Така што единственото решение се предвремени парламентарни избори, особено после делитимирањето кое што се случи на власта на минатите локални избори, кои што се случија во октомври месец 2021 година. Така што еве ќе помине и година дена од локалните избори и тоа беше доволен временски период да власта се покаже дека може поинаку, но не само што не покажа дека може поинаку туку одат и во полоша насока“, вели Николоски.

Поврзани новости