521
Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас се повлече од лидерската функција во опозициската партија СИРИЗА по тешкиот пораз на изборите во неделата освојувајќи само 18 отсто од гласовите.
Ципрас, кој е единствен грчки премиер кој ја посетил Македонија, при соопштување на оставката како еден од своите успеси го посочи Преспанскиот договор.
-Горд сум за она што го постигнавме. За излезот од меморандумите и подмирувањето на долгот. За излечените рани на општеството и економијата. За вратениот меѓународен имиџ на Грција. И секако за историскиот Договор од Преспа, рече Ципрас.