666
Два милиона жители на Појасот Газа од денеска ќе имаат струја само четири часа дневно бидејќи единсствената електрична централа престана со работа.
Електраната престана со работа еден ден откако Израел спречи снабдување со енергенси како одговор на акциите на палестинските екстремисти.
Израелската армија соопшти дека палестинските екстремисти истрелале ракета од Појасот Газа кон Израел.
– На голем број служби им се заканува пропаст ако продолжи ова криза, изјави портпаролот на Електродистрибуцијата во Газа, Мохамед Табет.
Тој го повика Израел да дозволи испорака на енергенси, што се платени од Катар.
И Министерството за здравство предупреди на опасни последици по пациентите на одделенијата за интензивна нега во болниците во Газа.