Спорт Инн е единствен Spinning центар во Македонија дизајниран да биде основата на која ќеја изградите посакуваната форма и физичка подготвеност. Тие нудат spinning програма која е прилагодлива за сите, кои е дизајнирана според сертифицирани Spinning тренери кои ќе ве водат, мотивираат и забавуваат кон посакуваните резултати.„Членската база во Спорт Инн е крајно разновидна, почнувајќи од оние кои за прв пат се среќаваат со тренажен процес, до професионални спортисти кои се подготвуваат за спортски настан и имаат специфични барања за тренинг и програма.
Без разлика која е вашата причина и ниво, Спорт Инн е местото каде што може заедно да ја започнеме вашата спортска приказна и место кое ќе го чувствувате како дом.“ изјави Искра Бојаџиева Китанчева од Спорт Инн.
Spinning програмата е микс од наука и единствено искуство и користи систем од 5 различни Energy Zones – зони на срцев пулс како водич за „периодизација”. Еден Spinning час просечно трае 50 минути. Во Центарот се грижат за условите и комплетната удобност на членовите за време на тренинзите.
-При креирање на просторот внимававме на сите детали во Спорт Инн, од врвната климатизација и вентилација од AIRCON до специјалниот спортски под кој е антибактериски и дизајниран да понуди до 45%-тно ублажување и амортзација на ударите, минимализирање на напрегнатоста и намалување на можноста за повреди од триење при евентуален пад.“ додава Виктор Бојаџиев.
Spinning е оригиналната „indoor cycling” програма која е започната до страна на „ultra-endurance” велосипедистот Johnny-G, пред 20 години како надополнување на неговиот тренажен процес.Spinning е една од тајните на светските фитнес топ модели како Emily Di Donato моделот на Sports Illustrated, или девојките од Victoria’s Secret.