Единицата за прв одговор „Алфа“ и единицата за Јавен ред и мир се спојуваат во една единица, потврди на прес-конференција министерот Оливер Спасовски. Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека се прави нова реорганизација во МВР и дека овие две единици ќе работат како посебна интервентна единица.
– Крајна цел е да имаме поголема видливост на терен, а направена е реорганизација по примерот на европските земји – изјави министерот Спасовски.
Спојувањето на „Алфите“ со Единицата за јавен ред и мир ќе овозможи формирање на интервентна полиција која што ќе работи на заштита на безбедноста во Скопје. До петок треба да се знае кој ќе биде раководител на новата интервентна единица.