Со тактичко показна вежба, доделување признанија и благодарници и низа свечености денеска во касарната „Илинден“ се одбележа 41-годишнината од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека единица Тигар денес е синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и високиот насилен криминал, и е силна порака дека нашата земја има добро подготвен и функционален систем за национална безбедност.
-Припадниците на оваа единица се олицетворение на професионалност.
Јас сум уверен дека Единицата Тигар ќе продолжи да биде високо мотивирана, врвно организирана и подготвена служба за заштита на мирот и безбедноста на граѓаните и уставниот поредок на нашата земја, изјави Ковачевски.