Единаесетгодишно момче застрела и уби двајца свои фудбалски соиграчи на Флорида. Според очевидци, децата се скарале за вреќа чипс, а еден од повредените му удрил шлаканица на стрелецот, пишува ABCnews.
Детето застрела две 13-годишни деца во рекреативен комплекс во Апока, недалеку од Орландо, по расправија меѓу нив за време на фудбалски тренинг, изјави за новинарите во вторникот началникот на полицијата во Апопка, Мајк Мекинли.
Едниот тинејџер бил однесен во болница и подоцна пуштен, додека другиот се уште е на лекување. Едното дете има рана на раката, а другото – на торзото, објави Си-Ен-Ен.
11-годишникот зел пиштол од автомобилот на неговата мајка, каде што оружјето било во незаклучена кутија.
Детето испукало еден истрел кој ги погодил и двајцата тинејџери.