Алекс Бети од Олдам во Манчестер, кој пред шест години исчезнал на семејно патување во Марбела, кога имал 11 години, е пронајден жив и здрав во Франција.
Момчето отишло на патување со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид во октомври 2017 година, а откако семејството не се вратило од Шпанија повеќе од две недели, полицијата започнала истрага.
Бабата на Алекс и официјалниот старател, Сузан Каруана,кажале дека тие водат „алтернативен начин на живот“ на друго место и додала дека „не сакале Алекс да оди во редовно училиште“.
По исчезнувањето на момчето, полицијата се сомневала дека Алекс во придружба на двајца возрасни заминал во Мароко, преку пристаништето Малага. Обвинителот, кој има информации дека Алекс се појавил во Франција, се посомневал дека момчето дошло само во Ревела, во близина на Тулуз.
„Иако не покажа никаков официјален документ на полицијата кога беше приведен, ова 17-годишно момче го даде сопствениот идентитет. Неговото лице и приказна се совпаѓаат со случајот на киднапирано британско момче од 2017 година. Потоа, обвинител во Тулуз го потврди тоа за Алекс Бати“, објави францускиот весник, пренесува Мирор.
Истражителите веруваат дека Алекс избегал од рурална заедница која живеела во подножјето на Пиринеите. По неколкудневно планинарење, го земал камионџија, кому му изгледал сомнително, па повикал полиција.