Единаесет лица повредени во сообраќајка што се случи кај Гостивар меѓу минибус и два автомобили

by Fokus

Единаесет лица се медицински згрижени во гостиварската општа болница по сообраќајната несреќа што се случи на магистралата Гостивар – Кичево. По речиси двочасовниот прекин, сообраќајот повторно се одвива непречено во двете насоки.

Според првичните наоди од извршениот увид, во сообраќајната несреќа која се случи околу 14 часот, во близина на отворените каменоломи, се судриле минибус и два патнички автомобила.

Едно лице како итен случај е префрлено на скопските клиники.

Поврзани новости