Единаесет години од бродската трагедија на Охридското Езеро

by Fokus

Изминуваат единаесет години од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро кога при потонувањето на „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

Предвидено е на утрешната комеморација на самиот ден на несреќата да присуствуваат делегации на Општина Охрид, на бугарските конзуларни и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа и на Здружението на граѓани „5 септември“ како и граѓани на Охрид. Овојпат поменот на загинатите ќе се одржи пред новиот споменик, поставен во паркот пред каналот Студенчишта.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници пловеше од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Поврзани новости