Изненадувачка вест доаѓа од Германија, Един Терзиќ повеќе не е тренер на Борусија Дортмунд!
Фудбалскиот тренер од Босна и Херцеговина синоќа понудил оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Борусија Дортмунд, а по денешниот состанок таа била прифатена.
Оставката на Терзиќ била прифатена по состанокот на кој присуствувале од раководството на клубот, а по анализа било заклучено дека тренерот и „Милионерите“ треба да тргнат по својот пат.
Терзиќ го освои ДФБ Покал со Дортмунд во 2021 година, минатата сезона го освои второто место во Бундеслигата, додека оваа сезона загуби во финалето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид.
Наскоро треба да се знае името на новиот стручњак на тимот од Дортмунд.
Edin Terzić leaves Borussia Dortmund.
The coach, who won the DFB Cup with BVB in 2021, finished runner-up in the 2023 championship and reached the 2024 Champions League final, asked BVB to terminate his contract with immediate effect.
Borussia Dortmund agreed to the request… pic.twitter.com/WU3gV6s5VM
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) June 13, 2024