Еди Рама – нов генерален секретар на НАТО?

by fokus

Германската аналитичарка Сузана Стариков во објава на Твитер наведува дека албанскиот премиер Еди Рама ќе биде новиот генерален секретар на НАТО.

Според неа, САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата.

Таа тврди дека кандидати биле Рама и премиерката на Естонија Катја Калас.

-Еди Рама ќе го наследи Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО. САД инсистирале на избор на нов генерален секретар на НАТО од новите членки на Алијансата. Кандидати биле премиерка Катја Калад и премиерот Еди Рама. Кој ќе биде идниот генерален секретар? пишува Стариков.

Информацијата која ја изнесува Стариков не е потврдена. Сè уште нема реакција ниту од Алијансата ниту од албанскиот премиер Рама.

Инаку Албанија токму на 1 април 2009 година стана членка на НАТО, додека во ова време на војна во Европа застана на страната на Украина, силно осудувајќи ја руската агресија.

Поврзани новости