Еди Рама ја повлече спорната фотографија од Лешница, и во Албанија имало село со исто име

by fokus

Фотографијата од планински водопад со хаштаг „прекрасна Албанија“ и „Кањон Лешница“, гостиварско којашто беше објавена на фејсбук профилот на албанскиот премиер, Еди Рама е повлечена по рекациите на социјалните мрежи.

Од неговиот Кабинет за МИА изјавиле дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.

– Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Северна Македонија, рекле од Кабинетот на Рама.

Планинари од Тетово утрово ја алармираа јавноста и министерствата дека фотографија од втората када на Кривошијска река во месноста Лешница на Шар Планина се претствува дека е дел од Албанија на објава на Фејсбук профилот на Рама.

Во Албанија според мапите на интернет се наоѓа кањон Лешница, инаку во близина на грчката граница и на пат за градот Саранда. Воедно тоа е заштитено природно подрачје.

Поврзани новости