Ако одиме така, тогаш никој од нас не исполнува услови да биде дел од власта, вели вицепремиерот и лидер на партијата Демократско движење која е дел од коалицијата „Вреди“ одговарајќи на новинарско прашање зошто коалицијата предлага за директори луѓе со кривични пријави.
-Не е точно дека Незири има кривична пријава. Се занимава со спорт, со фудбал и при организирање турнир имало натегање во публиката, влегол да ги раздели и бил сведок. Ако одиме така, тогаш никој од нас не исполнува услови да биде дел од власта, вели Меџити за в.д. директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Елјеса Незири, против кого има кривична пријава за насилство.
Сепак коалицијата го повлече предлогот за в.д. директор на велешкиот затвор да биде поставен Ибраим Елези, осуден на четири години затвор за продажба на наркотици.