412
Еден работник загина, а двајца се повредени при утринското рушење на тунелот „Зови До“, во местото Џинова махала кај Невесиње.
Од полициската управа на Требиње е потврдено дека во несреќата што се случила утринава работникот А.Џ. загинал.
Двајца работници се извлечени од тунелот и сместени во болницата во Невесиње.