Еден загинат и еден повреден во сообраќајка во Куманово

by fokus

Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во Куманово, соопштија од Итна помош Куманово.

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар.

Од СВР Куманово потврдија дека се случила сообраќaјна несреќа и најавија дополнителни информации во текот на денот.

Поврзани новости