58
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Скопје во атарот на Агино Село.
Несреќата се случила вчера околу 15 часот кога автомобил марка „субару импреза“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 64-годишен кумановец со иницијали И.А., излетало од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот Б.Н. од Куманово, а лекар од Итна медицинска помош Куманово констатирал смрт. Возачот на автомобилот и сопатничката Д.Н. се здобиле со телесни повреди.
На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна полициска екипа и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е дадено на обдукција.