Еден убиен и еден ранет во Батинци – убијците пукале од ‘мерцедес’ во движење

by fokus

Едно лице е убиено, а едно повредено во пукање што се случило утрово во скопското село Батинци.

Според пријавата во МВР, убијците пукале од автомобил ‘мерцедес’ во движење кон автомобил ‘шкода’ во којшто биле жртвите.

- Advertisements -

Едниот смртно го раниле, а другиот со тешки повреди е пренесен  во Ургентен.

-На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв.

На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје. СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот, велат од МВР за ‘Фокус’.

Фото: Архива

Поврзани новости