Едно лице е убиено, а две се повредени во престрелка што синоќа се случилa во Топанско поле во Скопје.Инцидентот се случил помеѓу две групи на паркинг во Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот.
На Клиниката по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје синоќа биле донесени две лица на возраст од 35 години со повреди од огнено оружје, кои учествувале во пукањето. На повредите им подлегнал Х.Б. од Скопје, а над А.Д., исто така од Скопје, била извршена интервенција и бил задржан на лекување. Со повреди од огнено оружје се здобил и Н.Д. кој бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Во врска со случајот, полицијата приведе неколку лица.
„По преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 1:40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б. (39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д. (22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р. (41) и К.Т. (28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица“, соопшти МВР.