236
Еден ранет и еден приведен е епилогот од пукањето што се случи вечерва во скопски Чаир, дознава „Фокус“ од извори во МВР.
Граѓанин пријавил дека слушнал истрел на улицата „Дижонска“, а на лице место имало траги од крв.
Приведено е едно лице, додека ранетиот е во операциона сала.
Според информациите на „Фокус“ кои се неофицијални, ранетиот е син на сопственик на чајџилница во „Чаирчанка“, додека пукачот е од скопски Сингелиќ.